Македонија
Средношколците на состанок со Филипче и Комисијата за заразни болести за стартот на учебната година
Претставници на Сојузот на средношколци денес остварија средба со Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, Венко Филипче. Сојузот не се согласува со одлуката за онлајн настава и бараат да се овозможи комбиниран модел. Тие најавија протест за понеделник. Здравствените власти сметаат дека протоколите за училиштата треба да се имплементираат постапно.
„На средношколците им ги презентиравме извештаите со деталната состојба на Ковид-19 во земјава, но најважно од се‘ дискутиравме за периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно. Ги информирав средношколците дека сите мерки и протоколи се донесени врз стручни анализи и препораки на Комисијата и се во интерес на заштитата на нивното здравје. Периодот кој следи може да биде ризичен и да донесе зголемен број заразени па затоа нагласив дека е потребно разбирање и соработка од сите, особено од младите. Се‘ може да се надомести, но здравјето и човечкиот живот не. Се договоривме да продолжиме со комуникација и понатаму, се‘ со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година.“, се наведува во изјавата на министерот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените