Гостивар
Одбележани 18 години од трагичната смрт на резервистите Даил и Александар
Се навршуваат осумнаесет години од трагичната смрт на полициските резервисти од Гостивар, Даил Јанкоски и Александар Николиќ.
Годишнината беше одбележана со комеморативен собир во гостиварската населба Циглана, на местото кадешто беа убиени. Во нивна слава и чест се собраа родини, пријатели и колеги од Секторот за внатрешни работи Тетово – ОВР Гостивар, Полицискиот синдикат и од Здружението на бранители „Бедем“.
Положија буќети цвеќе, запалија свеќи и со едноминутно молчење им оддадоа почит. Потоа ги посетија и нивните вечни почивалишта.
Гостиварците Јанкоски и Николиќ, беа убиени на должност на полициски пункт на влезот од населбата Циглана во 2002 година на 26 август еден часот по полноќ. Според наводите од истрагата, на нив пукале непознати лица со автоматски пушки од возило во движење со странски регистарски таблички.
На местото на трагедијата во чест на загинатите резервисти во 2012 година беше поставена спомен плоча.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!