Гостивар
Случај убиство во Гостивар: 30 дена притвор за осомничениот маж
Судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар, попладнево му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена на 67 годишниот гостиварец Б.И. Лицето е осомничено дека ја усмртило сопругата – 60 годишната Џ.И. , во семејната куќа во населбата Бањешница, на свирепи начин, со употреба на секира и нож. Гостиварецот ќе биде спроведен во К.П.У Затвор Скопје.
Грозоморниот настан го потресе Гостивар и целата Македонија. Во полиција беше пријавен од страна на синот на жртвата, кој го нашол мртвото тело на својата мајка во спалната соба од семејната куќа.
Според информациите и сознанија на обвинителството, осомничениот ја нападнал жената, па со употреба на секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото. Надлежните бележат дека мажот и жената подолго време имале нарушени меѓусебни односи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!