Гостивар
1 новозаразен и 1 оздравен од корона во Гостивар – ќе дочекаме ли колективен имунитет?
Министерството за здравство денес потврди 152 нови случаи на ковид во земјава. Од нив најмногу во Скопје (58) , Кочани (18), Струмица (14), Струга и Гевгелија со по 6, Тетово и Команово со по 5. Регионот на Гостивар е евидентиран со 1 новозаразен и еден оздравен пациент.
Меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште и М.Ростуше кој претходно одржуваше редовни неделни состаноци за состојбата со ковид, веќе не заседава. Според градоначалникот Арбен Таравари, кој е и претседател на Кризниот штаб во ваква ситуација, стратегии не помагаат, туку само зголемена внимателност и колективен имунитет.
„Состојбата со ковид е хаос во целата земја. Сето тоа почна со изборите и би кажал дека е поради Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Ова почна и нема веќе запирање. Мора да бидеме многу внимателни, да носиме маски, одржуваме дистанца и лична и колективна хигиена. Друго нема што да се прави, ние како локална власт и немаме некои ингенерции во однос на справувањето со вирусот. Одржувавме состаноци на Кризен штаб, тогаш кога можеше да се делува превентивно. Сега со ваква распространетост на вирусот, би било демагогија и хипокризија да држиме состаноци. Стратегии се прават кога бројките се мали, вака останува да внимаваме и да градиме колективен имунитет“, изјави градоначалникот.
Од повторното отворање на градинките во Гостивар до сега, работата тече непречено со почитување на протоколите и без ниеден случај на заразен. Што се однесува до училиштата, се уште се чека на конечната одлука на Владата – во кои објекти ќе се дозволи настава со физичко присуство.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!