Вести
Синдикатот на УПОЗ бара да се повлече одлуката за фиксно работно време
Синдикатот на администрацијата смета дека одлуката на Владата за укинување на флексибилното работно време е нејасна и спротивна на колективниот договор. УПОЗ бара Владата да ја преиспита одлуката.
„Со оваа одлука променета е претходната одлука со која од 1-ви септември 2017 година, беше утврдено флексибилно работно време со почеток од 07.30 до 08.30 и завршеток од 15.30 до 16.30 часот. Синдикатот на УПОЗ е затекнат од ваквата одлука бидејќи не беше информиран и консултиран како социјален партнер, со оглед на тоа што во Гранскиот колективен договор потпишан во почетокот на оваа година, е утврдено дека работното време е флексибилно. Одлуката на Владата за Синдикатот на УПОЗ е нејасна и конфузна и веднаш создаде револт меѓу вработените од причина што Владата со носењето на ваквата одлука сметаме дека не го почитува социјалниот дијалог, постапува спротивно на Конвенциите на Меѓународната организација на трудот и го негира Гранскиот Колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија, кој Владата го потпиша на почетокот на оваа година.“, се вели во нивната реакција.
ОД УПОЗ нагласуваат дека согласно членот 8 од Гранскиот Колективен договор работното време на вработените е флексибилно, започнува во 07:30 – 08:30 часот, завршува во 15:30 – 16:30 часот.
„Вака утврденото право не може и не смее да се дерогира со еднострани одлуки донесени од Владата или од било кој друг орган бидејќи се спротивни на сите позитивни законски норми. Синдикатот на УПОЗ се надева дека Владата на Р.С. Македонија ќе ја преиспита ваквата одлука и истата ќе ја повлече бидејќи флексибилното работно време беше наше барање и таа одлука беше позитивно прифатена од вработените и даде позитивни резултати.“, соопшти синдикатот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!