Гостивар
Таравари: Ќе предложиме учениците да се вратат во училиште во 4 смени со скратени часови
Ќе добијат ли повеќе училишта во Гостивар согласности за настава со физичко присуство? Општината пред Министерството за образование ќе излезе со предлог, учениците во повеќето училишта да се вратат во клупите, организирани во 4 смени со скратени часови. Според градоначалникот Арбен Таравари, тоа е барање на голем дел од децата и родителите кои реагирале дека онлајн наставата не е ефикасна.
„Состојбата со ковид во регионот на Гостивар моментално е стабилна и сметаме дека има услови да се овозможи настава со физичка присутност на децата. Училиштата да организираат по 4 смени, а часовите да бидат скратени. Сметаме дека тоа е добро решение и ќе го предложиме на Министерството за образование. Кај учениците и родителите постои големо незадоволство од онлајн наставата, многу проблеми се случуваат и тие сакаат да се вратат во училиште.“, изјави градоначалникот.
Таравари денес заедно со заменик министерот за образование Арафат Шабани ги посетија основното училиште „Исмаил Ќемали“ и средното медицинско, а потоа одржаа состанок со директорите на гостиварските училишта.
Шабани ја замени министерката Мила Царовска, чие присуство во Гостивар беше најавено и се очекуваше, но беше откажано во последен момент.
Заменик министерот нагласи дека над 80% од учениците во земјава успешно следат настава на далечина, а за останатите се прават напори да се надминат проблемите.
„Тоа се најчесто проблеми со немање стабилен интернет или соодветен електронски уред, за што се бара решение. Генерално онлајн наставата успешно се спроведува, и бележиме дека расте бројката на учениците кои се вклучуваат во процесот“, рече Шабани.
Од општината информираа дека од почетокот на новата учебна година во Гостивар е регистриран еден случај на коронавирус кај ученик, за што биле преземени соодветните мерки според протоколот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!