Поврзи се со нас

Гостивар

Дали и натаму ќе има настава со физичко присуство ќе зависи од епидемиолошката состојба

Објавено

на

Во училиштата низ земјава каде има настава со физичко присуство се следат протоколите за заштита од коронавирус, за сега состојбата е стабилна и нема потреба од промени во организирањето на работата, сметаат надлежните.

Дали училиштата ќе останат отворени за учениците и тие ќе продолжат со учење во клупите, ќе зависи од текот на пандемијата, истакна заменик министерот за образование Арафат Шабани при вчерашната посета на неколку училишта во Гостивар. Ако состојбите се влошат, целосно ќе се премине на настава од далечина, рече тој.

„Мерките за заштита докажано функционираат но мора доследно да се почитуваат од сите. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Ние се надеваме дека состојбата ќе се подобри, но ако се влоши тогаш ќе мора целосно да се премине на онлајн настава“, укажа Шабани.

Министерството за образование редовно апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од ковид и одговорно да се однесуваат и надвор од училиштата.

Запрашан за коментар на реакциите дека поголемиот дел од училиштата се под клуч, а кафулињата во нивна близина полни со млади, Шабани одговори:

„Одговорност на МОН, директорите и наставниците е да има безбедни услови за одвивање на наставата во училиштата. Однесувањето надвор од училиштата е одговорност на родителите и  учениците“.

Тој уште еднаш повтори дека отворањето на училиштата за настава со физичко присуство е одлука на Владата. Исто така, апелираше за доследно почитување на мерките и одговорно однесување на сите.

Општина Гостивар најави дека ќе бара во училиштата на нејзина териорија да се дозволи настава со физичка присутност во 4 смени со скратени часови.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 54 минути

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 2 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 5 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 6 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 7 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 8 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 19 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 21 час

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 1 ден

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена