Гостивар
Сезоната на грип дополнително ќе го отежни справувањето со коронавирусот

Во услови на ковид пандемија, појавата на сезонскиот грип меѓу населението ќе ја искомплицира состојбата на инфективните одделенија во болниците. Коронавирусот и грипот имаат слични симптоми и за да може да се одреди вистинската терапија, ќе мора секој пациент да биде тестиран,објаснуваат лекарите.
Грипот вообичаено се јавува во есенските месеци, а помасовно се шири во јануари и февруари. Во Македонија веќе се регистрирани првите случаи на пациенти со симптоми на грип.
„Симптомите се многу слични, висока температура, малаксаност, главоболки, кај некои се јавува и дијареа, поради таа сличност ќе биде тешко да се распознае. Се‘ ќе зависи од тоа колку тестови ќе обезбеди Министерството за здравство.“, рече д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективно одделение во Гостивар.
Во никој случај граѓаните не треба да се лекуваат на своја рака, потенцираат лекарите. Секој што ќе развие симптоми кои укажуваат на ковид или зараза од грип, треба да се консултира со матичниот лекар или да се обрати директно на инфективното одделение.
Според најавите вакцинацијата против сезонскиот грип ќе започне да се спроведува кон крајот на месецов. За целата држава набавени се 40.000 дози четиритипни вакцини за бесплатна вакцинација и 4000 дози за комерцијална употреба. Бесплатните вакцини ќе бидат наменети за лицата над 65 години, хронично болните, здравствените работници, бремени жени и децата од 6 месеци до 5 години.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж