Гостивар
Црвениот крст Гостивар распределува хуманитарни пакети за социјални семејства
Во време на пандемија и глобална криза, поддршката и помошта на социјално ранливите категории е од особена важност. Гостиварскиот Црвен крст ја продолжува својата хумана мисија и периодов распределува хуманитарни пакети со храна и хигиенски средства на загрозени семејства.
Во кампањата„ Помисли на нас“, во склоп на Неделата на боорба против гладта, биле обезбедени 40 пакети.
„Како и секоја година, така и оваа во рамки на кампањата „Помисли и на нас“ се собираа донации во финансиски средства и храна и други производи, на собирни пунктови во маркетите. Акцијата се спроведе од 16 до 22 октомври. Со донаците се обезбедени 40 пакети, кои ќе бидат дистрибуирани до социјално загрозени семејства“, рече Мерита Алили, секретар на Црвен крст Гостивар
Денешниот ден, волонтерите на Црвениот крст го посветија на распределба на помош кај семејства во рурални средини. Пакетите вкупно 140, беа донација на Германската амбасада.
Летниот период гостиварската организација на Црвениот крст извршила подготовки за есенскиот ковид бран со создавање на резерва од стотина хуманитарни пакети, кои ќе бидат доделени до крајот на годинава.
Вкупно во текот на пандемијата биле распределени над 4.500 пакети со храна, средства за хигиена, лекови и слична помош.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ