Гостивар
Во регион на Гостивар има 238 активно заразени со коронавирус – за три дена нови 83 случаи
Изминатите неколку денови на гостиварското подрачје се бележи значително зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус. Во петок, сабота и недела беа потврдени 83 нови случаи, додека како оздравени беа евидентирани 26 пациенти. Со ова моментално бројката на активно болни во регионот на Гостивар изнесува 238.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше со ковид биле дијагностицирани вкупно 1.245 граѓани. 63 во евиденцијата се евидентирани како смртни случаи, додека 944 како оздравени.
На ниво на Македонија до сега се потврдени вкупно 32.436 корона позитивни, а бројката на активно болни изнесува 10.324.
Најмногу заболени има во Скопје 4.862, Тетово 609, Струмица 560, Прилеп 510.
Владата и Министерството за здравство вчера почнаа кампања под слоганот „носам маска“. „Ризикот на пренесување на вирусот е висок кога затворената просторија не се проветрува со голем број на луѓе кои не носат маска. Колку е подолг и физички поблизок контактот помеѓу некој заразен и потенцијален човек кој би можел да се зарази, толку е поголем ризикот. Доколку носиме маска и одржуваме физичка дистанца ширењето на вирусот можеме да го спречиме. Од самите нас зависи заштитата на сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски.“, порача министерот за здравство Венко Филипче.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!