Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар по „трета среќа“ денеска против Еуроникел

Објавено

на

КК Гостивар го има најлошиот старт последниве неколку години, два порази од два натпревари, во првото коло од ФМП Академија, пред пет дена на домашен терен од Работнички, скор на кој спортската, посебно гостиварската јавност не е баш навикната. Но, никако не смее да се игнорира состојбата во која се најде гостиварскиот првологаш, излегување од ритам поради неколку неделното одлагање на почетоткот на првенството, ковид пандемијата која не го одмина клубот, 15-дневниот карантин остави трага врз играчите кои беа позитивни, многубројните повреди, тренирањето во вонредни услови поради исклучената струја во Младост, се само дел проблемите со кои се справува стручниот штаб на гостиварци.

Како и да е, денеска „бело-сините“ одат по „трета среќа“. Во Спортската сала Младост гостува екипата на Еуроникел од Кавадарци. Избраниците на Горан Самарџиев имаат две победи сезонава, против МЗТ2 и ФМП. Данило Мијатовиќ, Казарновски, Соколов, Караколев се добро познати имиња кои го носат дресот на кавадарчани сезонава, што доволно говори за квалитетот на оваа екипа, која претендира за висок пласман сезонава.

КК Гостивар, по одиграните 80 минути, сеуште ја бара својата препознатлива игра, на натпреварот со Работнички успеаа да анулираат предност од -22 поени, посебно имаа фуриозни 4 минути во последната четвртина што влева надеж дека овој тим на гостиварци кога сака-може.

Дуелот започнува од 18 часот, на жалост на гостиварската публика, натпреварот се игра без присуство на гледачи.

Пред почетокот на натпреварот ќе објавиме линк за следење во живо.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 11 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 15 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 17 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 19 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 20 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 21 час

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 22 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена