Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар започнува тестирање за корона со брзи тестови, од земање брис до резултат за 30 минути

Објавено

на

Неделава ќе започне тестирањето за коронавирус со брзи антигентски тестови во Гостивар. Тестирањето ќе го врши обучен тим од лабораторијата на Здравствениот дом, а ќе се спроведува во посебен пункт во објектот на Трудова медицина. Закажувањето ќе оди преку матичните лекари и тоа само доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми, не повеќе од пет дена. Брзите тестови се на товар на Фондот за здравство.

„Министерството за здравство уште минатата недела за Здравствените домови на ниво на Македонија, меѓу нив и ние како Здравствен дом Гостивар, спроведе обука за земање на материјали и обавување на тие брзи тестови. Практичниот дел е поминат, сега ги очекуваме тестовите, кои според најавите од Министерството ќе бидат доставени утре. Брзите тестови се замена за ПЦР тестовите во првичните денови, кога симптомите се благи. Се работи за детекција на антиген на ковид 19. Целата процедура трае 30 минути, од земање на материјалот и сработувањето на тестот и добивање на резултатот. Врз основа на добиениот резултат се селектираат пациентите, тие што се негативни, а имаат некои симптоми на сезонски грип и други настинки, од тие што имаат позитивен резултат кои потоа подлегнуваат на натамошно испитување со ПЦР тестот.“, појасни д-р Абдулкадир Алији, раководител на лабораторија-Здравствен дом Гостивар.

Планирано е дневно со брзи тестови да се опфатат 40 до 50 пациенти. Со ова се овозможува поефикасно регистрирање на позитивните случаи и нивно навремено третирање и изолирање од околината.

„Верувам дека ќе почнеме да ги изработуваме во најкраток можен рок. Тоа не бара некоја посебна организација и опрема, само простор и обучен тим, кој веќе го имаме обезбедено. Неблагодарно е да се очекува да ги покриеме сите пациенти веднаш, но верувам дека ќе ги задоволиме потребите. ПЦР тестови секако ќе продолжат да се прават и понатаму“, наведе Алији.

Според последната статистика на Министерството за здравство, во регионот на Гостивар моментално активно заразени со коронавирус се 564 лица.

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 20 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 22 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 23 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена