Поврзи се со нас

Гостивар

За девет месеци во Гостивар се случиле околу 180 напади, тепачки и други нарушувања на ЈРМ

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово за првите девет месеци од годинава бележи намалување на прекршоците од областа на јавниот ред и мир за 4 проценти.

Вкупно регистрирани во овој период се 402 нарушувања (Тетово-221 и Гостивар-181), во кои биле инволвирани 478 сторители (Тетово-315 и Гостивар-163). Најголемиот број од прекршоците се целосно расчистени и заокружени со 355 барања за поведување на прекршочна постапка (Tетово-230 и Гостивар-125).

Најмногу од регистрираните нарушувања (258) биле во град и во нив биле инволвирани машки лица (452), меѓу кои и 19 малолетници, додека другите претежно биле на возраст над 25 години (349), соопшти полицијата.

Најбројни во овој период биле физичките напади (163), тепачки (37), карање, викање и непристојно однесување (28), навредување и омаловажување на овластено службено лице (28) и така натаму. Девет од регистрираните прекршоци во годинашното деветтомесечие биле во и околу училишта, што е за 6 помалку споредено со минатата година. Најчести места на случување на ваквиот вид прекршоци се улицата и угостителските објекти.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена