Вести
Грантови од 4.000 евра за самовработување – Во Гостивар лани со оваа мерка отворени 62 фирми
Агенцијата за вработување на Македонија денес го објави огласот за доделување грантови од Програмата за самовработување за 2017 г. Преку него невработените, евидентирани во Центрите за вработување, можат да добијат неповратни финансиски средства за отворање на сопствен бизнис.
Неколку години наназад, во гостиварскиот Центар за вработување се бележи голем интерес за оваа мерка, па такви се очекувањата и за годинава. Во текот на 2016-та, со грантовите биле разработени над 60 фирми во разни дејности, кои ги отвориле невработени лица.
Во Програмата за самовработување се предвидува финансиска поддршка за нови бизниси од 4.000 евра. Парите може да се користат за изработка на бизнис план, регистрација на фирма, набавка на опрема, репроматеријали, дополнително вработување на друго лице и слично.
Краен рок за доставување на апликациите е 10 март, а заинтересираните барањата и други детални информации може да добијат во работниот клуб на Центарот за вработување.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ