Гостивар
Убавицата Лиса позира во Маврово :)
Жител на мавровско село ја фотографирал рисицата Лиса од својата тераса и ги споделил фотографиите со Македонско еколошко друштво, кое подолго време спроведува проект за заштита на балканскиот рис.
„Вистинска радост е кога жители од мавровските села ќе ни јават дека виделе рис, а уште повеќе кога ќе ни испратат слики од рис што го следиме подолго време со ГПС околувратник. Деновиве добивме прекрасни слики од рисицата Лиса, деветта различна единка рис заловена во рамки на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година. Станува збор за здрава единка, стара околу 7 години“, изјави Диме Меловски од Македонско еколошко друштво.
Освен оваа пријатна вест МЕД со јавноста сподели и една негативна, поврзана со истражувачките активности на Македонско еколошко друштво. Во месноста Суви Дол, кичевско, целосно е уништена кафез – замка, којашто беше поставена за научно-истражувачкицели од страна на несовесни граѓани и не е во можност повторно да се употреби за следна мониторинг сесија на балканскиот рис.
„ Досега не сме имале вакво искуство и апелираме до граѓаните што се движат во планина дека овој тип на замки е наменет исклучиво за научно истражувачки цели и следење на популацијата на критично загрозениот балкански рис. Случајот ќе го пријавивме во полиција и се надеваме дека надлежните ќе поведат постапка против сторителите.“, додаде Меловски од Македонско еколошко друштво
Инаку, вакви замки се поставени на повеќе локации во НП „Маврово“ и надвор од него и се од непроценлива вредност за стекнување нови сознанија за ова ретко животно, коешто МЕД активно го проучува и заштитува од 2006 г.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ