Здравје и убавина
Вреди да се проба – Никсен, холандски рецепт за намалување на стресот
Во динамично и бурно време, во какво што живееме, во текот на денот речиси постојано нешто правиме. Работиме, чистиме, пазаруваме, разгледуваме на телефон…Кога човек постојано е активен, расте стресот за организмот. Луѓето користат разни начини да ја ослободат психата, но се чини Холанѓаните го пронашле вистинскиот рецепт. Тој тренд, тие го нарекле „никсен“. Во превод значи „да не правиш ништо“.
Вежбањето никсен е само седење и впивање на околината, губење на себеси во мислата, во тишината. Без активност, без гледање телевизија или пребарување на интернет. Едноставно исклучување од се‘.
Во минатото „никсен“ бил отфрлен и поврзан со мрзеливост и контрапродуктивност, но сега е поддржан тренд и се смета за еден вид лек за психата.
Многу луѓе кои практикуваат „никсен“ рекле доживеале зголемување на креативноста. Со тоа што ќе му дадете на умот шанса да „талка“, ќе ви дојдат нови идеи коишто инаку би биле потиснати кога нашите умови се фокусирани на нешто друго.
Новинарката и писателка Олга Мекинг го опишала трендот во книга, нарекувајќи го „чувство на недела наутро“. Таа нагласила дека „никсен“ е еден од факторите за благосостојбата на Холанѓаните.
Рецептот е многу едноставен и вреди да се проба 🙂
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ