Поврзи се со нас

Гостивар

Почина познатиот српски фолкер Џеј Рамадановски

Објавено

на

Во 56-тата година од животот денес почина познатиот српски фолк пејач Џеј Рамадановски. Според пишувањето на српските медиуми, на фолкерот нагло му се слошило во неговиот дом, каде бил во изолација поради коронавирус. Брзата помош пристигнала и интервенирала, со обиди за реанимација, но и покрај напорите медицинарите не успеале да го спасат.

Џеј страдал од срцево заболување и пред неколку години имал операција на срцето.

Рамадановски потекнува од ромско семејство од македонскиот град Ресен. Детството го поминал во Белград со својата баба по мајка. Дел од младоста ја поминал во воспитно поправен дом за малолетници поради малолетничка деликвенција, а таму го изучил авто-лакерскиот занает. По одслужувањето на воениот рок, кратко време работел во фабриката за трактори и комбајни Змај. Кариерата во музиката ја започнал како пејач на локални и индивидуални ромски веселби, кога неговата дарба ја воочила Марина Туцаковиќ.

Својата популарност ја стекнал кон крајот на 80-тите години на 20 век, главно на просториите на Југославија и Србија. Врвот на популарноста го достигна на почетокот на 90-тите години. Остави бројни хитови во фолк музиката.

фото: фан страна фејсбук/Џеј Рамадановски

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена