Спорт
2МФЛ: ФК Гостивар загуби од Скопје – Вардар Форино загуби од Охрид
Викендов се одигра 15. коло од Втората македонска фудбалска лига, гостиварските претставници во ова натпрварување загубија значајни бодови во трката за врвот на табелата, односно борбата за опстанок во лигата.
ФК Гостивар гостуваше во Автокоманда кај првопласираната екипа на ФК Скопје. Избраниците на Љупчо Марковски – Калц ја оправдаа фаворитската улога совладувајќи ја екипата на Гостивар со резултат 4-0 и обезбедувајќи ја титулата есенски првак во Втората МФЛ – Запад. Со овој пораз ФК Гостивар ги намали шансите за првото место кое носи директен пласман во Првата лига. Гостиварци со 29 бодови се наоѓаат на 3. позиција на табелата со 2 бодови помалку од второпласираната екипа на Велешта. Во следното, воедно и последно коло годинава, ФК Гостивар ќе ја пречека екипата на Велазерими 77 од Кичево.
Вардар од Форино на домашен терен ја пречека екипата на Охрид Лихнидос, форинци го загубија натпреварот со резултат 0-1, со што се ставија во неповолна ситуација во борбата за опстанок. ФК Вардар Форино сега е над опасната зона, но на само 3 бодови предност пред екипата на Лабуништа/Тетекс, на која и гостуваат во последниот натпревар од есенскиот дел, следниот викенд.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок