Гостивар
Кривични против четири лица за тешки кражби во Гостивар и низ селата
Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти десет тешки кражби во станови и куќи.
Осомничени и кривично пријавени дека извршиле пет тешки кражби во станови во Гостивар се Х.М. и Л.М. на возраст од 21 година и М.С. 24 годишен. Тројцата се сомничат дека од средината на октомври до крајот на ноември годинава, насилно провалувале во станови, кршејќи ги бравите од влезните врати и одземале пари, златен накит и часовници, извести СВР.
Осомничен и кривично пријавен, исто така, е и 48 годишниот Ф.Р., поради основи на сомнение дека во август и септември оваа година, со употреба на сила, извршил пет тешки кражби во куќи во Гостивар и селата Здуње, Вруток и Речане, при што одземал разновидни предмети. Украдените предмети подоцна тој им ги продавал на други лица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените