Гостивар
СВР Тетово: Да не се организираат борби на кучиња, контролите се засилуваат
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и укажување до сопствениците на расни кучиња да не иницираат или организираат борби на вакви животни, зашто тоа е спротивно на Законот на прекршоци против јавниот ред и мир и според член 9 од овој закон, тие ќе се соочат со поднесоци и парични глоби кои се движат од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.
Воедно, во зависност од околностите и крајните последици од користењето на кучињата за борби, истото може да се третира и како кривично дело „мачење животни“ (член 233 од Кривичниот законик), за кое се предвидени парични или казни затвор до една година.
Секторот за внатрешни работи Тетово до крајот на овој и наредниот месец ќе ги засили контролите на овој план и сите вакви случаи ќе бидат заокружени со соодветни поднесоци. Ова, дотолку повеќе што нелегалните борби на кучиња многу често се поврзуваат и со незаконско обложување што, пак, претставува друго кривично дело.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените