Македонија
Џери, Барон, Пимбо, Арон и Раф „ловат“ дрога на македонските граници
Џери, Барон, Пимбо, Арон и Раф кучиња трагачи кои се дел од Царинската управа од 2000-та година и се од особена важност бидејќи се користат за заштита на граничните премини при спречување на нелегално транспортирање на наркотици. Тие учествувале во повеќе акции, од кои 90% се успешно реализирани, соопштија од управата.
Оваа година Џери ќе биде пензиониран, а на службата за мобилни тимови на Царинската управа ќе им се придружат 4 нови кучиња како донација од Германија. Овие кучиња од 9 месечна возраст се специјално тренирани да препознаваат специфични супстанци.
Кучњата трагачи со своите водачи, деновиве беа во посета на Царинската управа. Директорот Горан Сугаревски и претставници од секторот за контрола и истраги ја истакнаа својата поддршка кон царинските службеници од мобилниот тим кои се одговорни за кучињата трагачи. Оваа единица во Царинската управа е од особена важност во борбата против криминалните активности и прекршоци, нагласија тие.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ