Гостивар
Дневен центар за деца со посебни потреби во Гостивар: Вратени во социјализација под протоколи
Ковид пандемијата не‘ поштеди никого, но особено ги погоди ранливите категории. Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гостивар, минатата година поради карантините и другите ограничувања имаше подолга пауза во работењето. Во октомври лани повторно ги отвори вратите за децата и веќе четири месеци функционира под посебни протоколи за заштита од коронавирус. Строгите правила налагаат да се работи со намален капацитет, пократок престој за децата, ротации во смените и слично. Тимот од пет стручни лица во Дневниот центар максимално се труди околу исполнување на обврските од портоколите, за кои велат дека воопшто не се лесна работа, со оглед дека згрижуваат ранлива група деца. И покрај тоа, наоѓаат начини и до сега успеваат да одговорат на предизвиците.
„Центарот почна со повторна работа после изолацијата во октомври минатата година. Нормално, според препораките се трудиме да ги заштитите корисниците, и ние самите да се заштитиме. Меѓутоа, тоа е многу тешко, бидејќи кај овие деца физичкиот контакт е многу важен, материјалите што ги имаме за работа, тоа се бара практична работа. На пример, тие не можат да носат маски, или да држат дистанца. Сепак, се трудиме целосно да одговориме на актуелната ситуација и до сега работата се одвива успешно. Моментално Центарот го посетуваат 6 дечиња и тие ротираат, со пауза, просториите се проветруваат, се врши дезинфекција и слично“ вели Арта Арифи Креци, психолог во Дневниот Центар.
Додека беше затворена установата, се правеа напори за спроведување на одредени програми онлајн како и советување на родителите. Психологот Арифи Креци вели дека сепак, за децата со посебни потреби престојот во центарот е незаменлив.
Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гостивар постои од 2006-та година. Во нормални услови има капацитет за престој на 15-тина дечиња.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок