Гостивар
Во ковид центрите во земјава се лекуваат 331 пациент, во Гостивар 18
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 331 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 43 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 19, во Гостивар 18, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Од МЗ наведуваат да се има предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.“, соопшти Министерството.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница