Занимливости
Виртуелен музеј на загрозени звуци
Како што се развива технологијата, така се развиваат и звуците што ги поврзуваме со нашите омилени уреди. Се сеќавате како звучеше машината за пишување, интернет-врската преку dial-up или звукот создаден со дување во дискета на Nintendo или Sega?
Ако некогаш сте носталгични и сакате повторно да ги слушнете овие звуци што веројатно повеќе нема да ги слушнете во реалниот свет, едноставно одете во виртуелниот Музеј на загрозени звуци и кликнете на сликата на уредот што сакате да го слушнете.
Музејот e ‘отворен’ во 2012 година, а негов творец е Brendan Chilcutt кој сакаше да зачува само некои звуци од својата младост, како што е добро познатиот звук на стуткана лента заглавена во видео. Но, Chilcutt не е само една личност, ова е псевдоним за тројца студенти (Фил Хадад, Мерибет Ледесма и Грег Елвуд) кои ја реализираат оваа идеја.
Иако музејот засега има ограничена количина звуци, неговите творци тврдат дека имаат „десетгодишен“ план во кој планираат да додадат низа други звуци кои едноставно повеќе не се слушаат во денешниот свет.
Повеќе на веб-страницата на Музејот на загрозени звуци .
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!