Поврзи се со нас

Спорт

Гостиварците Анастасоски и Лазарески ќе се натпреваруваат на Светското првенство во скијање во Италија

Објавено

на

Гостивар има огромна скијачка спортска сила. На Светското првентство во скијање кое се одржува од 7 до 21 февруари годинава во Cortina d’Ampezzo – Италија, Гостивар има четири претставници. За учеството на браќата Петкови веќе објавивме, а сега ви ги претставуваме скијачите Влатко Анастасоски и Мирко Лазаревски.

Седумнаеесет годишниот Влатко Анастасоски, е член на ски клуб “Фокс” од Гостивар и долгогодишен член на Македонската репрезентација во алпско скијање. Влатко во недела патува за Италија со надеж за што повисок пласман во дисциплините слалом и велеслалом.

Мирко Лазарески е роден 2003 година, член е на скијачкиот клуб „Меденица“, младински репрезентатицец во алпско скијање, се натпреварува во дисциплините слалом и велеслалом. За двајцата скијачи ова ќе биде прво учество на едно вакво големо натпреварување.

Првата трка на која ќе настапат нашите репрезентативци е 19 февруари од 10 часот, кога се вози велеслалом. Втората е два дена подоцна, во недела на 21 февруари во дисциплината слалом.

Дека Гостивар комплетно го владее овој спорт, потврдува и фактот, тренерот на скијачката репрезентација на Македонија, долгогодишниот репрезентативен скијач и олимпиец Антонио Ристески е исто така по потекло од Гостивар.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена