Гостивар
Царовска во Гостивар: МОН ќе стипендира стручни профили кои им требаат на локалните компании
Во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ што ја организира Министерството за образование и наука, денес во Гостивар се одржа консултативна средба на која се разгледуваа потребите од отворање на одредени профили и паралелки во средните стручни училишта. За тоа каква работна сила му треба на бизнис секторот во Гостивар и кои промени може да се направат во училиштата дебатираа министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик министерот Арафат Шабани, градоначалникот Арбен Таравари, претставници на компаниите, стопанската комора, дирекори и професори од средните стручни училишта.
„Преку овој караван на социјални дијалози утврдуваме кои се профилите кои се потребни на пазарот на труд за да се отворат следната учебна година. Сметаме дека училиштата може да ги прилагодат програмите заедно со Центарот за стручно образование врз основа на тоа што го бараат компаните, а од друга страна компаниите да ги отворат вратите за пракса на учениците, затоа што опремата која тие ја имаат е најсовремена. На тој начин учениците не само што ќе се остручат во самите компании, туку ќе ја научат и културата и динамиката на работа што е многу значајно за да бидат повработливи веднаш по завршување на образованието. Идната година Министерството ќе стипендира профили кои се покажале како значајни и важни за реалниот сектор преку овие дебати. Очекувам успех и конкурсот што ќе се отвори за упис во средните училишта и за гимназиите и за стручните, да биде прилагоден на локалните потреби“, изјава Царовска.
Градоначалникот Таравари истакна дека ваквите дебати се многу важни, особено во образованието и во делот на стручните училишта. „Во Гостивар конкретно има три стручни училишта: економско, техничко и медицинско. Во нашето општетсво има еден парадокс, многу луѓе се невработени и чекаат на вработување во заводот, а компаниите велат дека не можат да најдат соодветна работна сила. Најверојатно причина за тоа е што средното стручно образование, не ни е како што треба“, рече градоначалникот.
Недостиг на стручни профили во голема мера има во повеќе сектори, нагласи извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Дрилон Исени. „Нашите анализи покажуваат недостиг од управувачи со машини, технолози, ѕидари и други профили во индустриските сектори. Тој јаз треба да се надмине долгорочно со вклучување со сите страни. Обично до сега тие работи биле третирани во рамки на проекти, што не е доволно.рече Исени.
Ваквите трибини Министерството за образование и наука ги реализира со поддршка од Амбасадата на Швајцарија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!