Репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата Ј со репрезентациите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн. Само првопласираните репрезентации ќе обезбедат директно учество на Светското првенство, додека второпласираните ќе играат плеј-оф.
Спорт
Македонија вечерва против Романија ги започнува квалификациите за СП Катар 2022
Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува квалификациите за Светското првенство 2022 кое ќе одржи во Катар, со гостување кај Романија.
Според букмејкерите селекцијата на Романија е фаворит во овој дуел, споредувајќи ги репрезентациите според рејтингот, но така е само на хартија, нашите репрезентативци покажаа дека знаат да се носат и со многу подобро рангирани селекции.
Синоќа избраниците на Ангеловски на Националната арена во Букурешт го одработија последниот тренинг пред вечерашниот натпревар кој е закажан за 20.45 часот, неизвесен е настапот na Аријан Адеми кој се жали на повреда.
На голот би требало да биде Димитриевски, а пред него во одбраната Бејтулаи, Муслиу и Ристевски, покрај аут линијата Рiстовски десно и Алиоски лево. Во средината Николов и Барди, пред нив Елмас, а во нападот италијанското дуо Несторовски и Пандев.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот