Спорт
Се разделија КК Гостивар и тренерот Србиноски
Марјан Србиноски повеќе не е тренер на Кошаркарскиот клуб Гостивар.
По низата лоши игри и последниот пораз од МЗТ 2, шефот на стручниот штаб на „бело-сините“, Србиноски поднесе оставка, која беше прифатена од Управата на Кошаркарскиот клуб Гостивар.
„Сакам искрено да се заблагодарам за соработката во овие скоро 4 години. КК Гостивар го направивме респектабилен клуб од кој сите стрепеа, оваа сезона донесе многу турболенции и како најодговорен за резултатите кои не се според нашите очекувања од морален чин поднесувам оставка од позицијата шеф на стручен штаб. На клубот му посакувам многу успеси во иднина“, стои во оставката на популарниот Марче.
Дека разделбата е во рамките на „гостиварските“ манири и спорскиот фер плеј, потврдија и од гостиварскиот прволигаш.
„Чест и задоволство ни беше што изминативе години го имавме Србиноски на клупата. Неговиот придонес вечно ќе остане врежан во историјата на клубот. На Марче му посакуваме големи успеси во кариерата и животот со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе ни се вкрстат патиштата“, потврдија од КК Гостивар.
Србиноски на клупата на Гостивар седна во јули 2017 година. До назначувањето на нов тренер екипата ќе ја води помошникот Димитриевски.
КК Гостивар моментално се наоѓа на 5. позиција, но со оглед на многуте одложени натпревари му „виси“ пласманот помеѓу најдобрите 8 кои влегуваат во завршниот плеј-оф. До крајот на регуларниот дел гостиварци треба да се сретнат со ТФТ Скопје, Работнички и МЗТ Скопје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар