Поврзи се со нас

Гостивар

Се полнат инфективно и модуларната болница, Гостивар на удар на нов силен ковид бран

Објавено

на

Гостиварското подрачје не остана имуно на новиот ковид бран. Вирусот интензивно се шири меѓу луѓето, а секојдневно расте бројот на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација.

На инфективното одделение и во модуларната болница утрово имаше уште само пет слободни кревети. Доколку продолжи ваквиот тренд, најверојатно и други болнички одделененија ќе се пренаменат во ковид центри.

„Алармантна е состојбата, особено последните десет дена има голем раст на пациенти за болничко лекување, во двата објекта, инфективно и модуларната болница, моментално има само 5 слободни места, а секој ден доаѓаат нови пациенти. Ако вака продолжи ќе треба и други одделенија да се отворат за ковид болни. Она што може да го издвоиме е дека сега кај пациентите се јавува висока температура која трае повеќе денови, но овој бран не е толку смртоносен како претходниот, есенскиот“, изјава д-р Лирим Беќири, интернист.

Лекарското искуство покажува дека карактеристика за новиот корона бран е и тоа што силно ја погодува помладата популација. На инфективното одделение во Гостивар се лекува 24 годишен пациент со пневмонија предизвикана од коронавирус. Друга специфика е што во повеќето случаи се работи за семејни кластери, односно заразата зафаќа цели семејства.

Врз медицинскиот персонал паѓа голем товар, а со оглед дека нема доволно инфектолози во лекувањето се ангажирани интернисти, како и специјализанти.

„Апелираме до луѓето да ги почитуваат мерките за заштита, да спречиме да се шири вирусот. Значи носење на маски, дезинфекција и да не се групираат. Ако не се запазат мерките, ќе станува само полошо“, рече докторот Беќири.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 2 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 3 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 4 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 15 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 17 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 20 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 22 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 1 ден

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена