Гостивар
Новиот ковид бран во Гостивар ги погоди и училиштата
Од новиот бран на коронавирус не е поштеден ни просветниот кадар. Периодов со влошувањето на состојбата со ширење на вирусот на гостиварското подрачје, се зголемува и бројката на заразени меѓу вработените во училиштата.
Според информациите од општинскиот сектор за образование, над 20 просветни работници од училиштата на територијата на Општина Гостивар се позитивни на корона. Во оваа бројка спаѓаат и наставниците што држат настава со физичко присуство и оние кои работат онлајн.
„Како што растат бројките на заразени во градот и околината, се менува состојбата и во училиштата. Денес добив информација дека во училиштето „Лирија“ во Вруток позитивни се три наставници од македонската смена и има барање целото училиште наставата да ја одвива онлајн. И во другите училишта имаме по два-три случаи на заразени наставници. Ја следиме состојбата, се надеваме дека нема да се влошува и дека ќе може да продолжиме со наставата како до сега, со физичко присуство на децата до трето одделение“, информираше Аслијан Снопче, раководител на општинскиот Сектор за образование.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ