Гостивар
Се бара притвор за возачот на камион во несреќата кај Ростушки мост
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, поради сомненија дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
„Осомничениот на 13 април управувал со товарно возило – влекач МАН со полуприколка со српски регистарски ознаки на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Во близина на Ростушки мост не ја прилагодил брзината на условите на патот, па на влажиот коловоз изгубил контрола врз камионот и се извртел. Притоа, полуприколката преминала на спротивната сообраќајна лента и удрила во патничко моторно возило „Хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки кое се движело во спротивен правец.“, соопшти обвинителство.
Во несреќата, на лице место животот го загуби возачот на патничкиот автомобил, додека еден од сопатниците им подлегнал на повредите во болница. Останатите двајца сопатници во автомобилот исто така се здобиле со тешки телесни повреди.
Јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за негово обезбедување во текот на кривичната постапка.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!