Поврзи се со нас

Вести

118 години од загинувањето на Гоце Делчев, 41 година од смртта на Тито

Објавено

на

Денешниот датум е врзан за две значајни историски личности од македонското минато. Четврти мај е датум на смртта на револуционерот Гоце Делчев и на креаторот на бивша СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Гоце Делчев е еден од најпознатите борци за независна и слободна Македонија, водач на македонското револуционерно движење. Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија, од каде бил исклучен поради своите идеи и дејствување. Работел како учител во Штип. Бил член на Централниот комитет на ТМОРО, учесник на Солунскиот конгрес на ВМРО, 1896 и се ангажирал на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Неговата најпозната визионерска мисла гласи: Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите. Бил убиен од турската војска, на денешен датум, 1903-та година, во селото Баница.

На ист ден, пред 40 години, почина доживотниот претседател на бивша СФРЈ, лидер на КПЈ и маршал – Јосип Броз Тито.За неговиот лик и дело се врзани контроверзи и различни ставови. Додека едни го сметаат за неприкосновен лидер, други го осудуваат поради тоталитарен режим и градењето на култ кон личноста. Од Втората светска војна Тито излегол како легендарен лидер. Паралелно со борбите против окупаторот, единиците под негова команда спровеле комунистичка револуција, во текот и по војната. Го одбил притисокот на Сталин во 1948 година, по што со децении добивал финансиска и воена помош од САД.
Јосип Броз Тито почина на 4-ти мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Бил погребан четири дена подоцна во Белград во присуство над 200 државни и партиски делегации од 180 земји од светот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 12 минути

Изборен молк до утре во 19 часот

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 22 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 1 ден

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена