Поврзи се со нас

Македонија

Попова Шапка модерен ски-центар, маркети Лидл во 8 градови, нови фабрики-претставен инвестицискиот план 2021-2027

Објавено

на

Инвестиции во вкупна вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра се предвидени со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, кој денес на прес конференција го претстави премиерот Зоран Заев.

5 милијарди и 791 милиони евра се јавни инвестиции, додека 2 милијарди и 384 милиони евра се планирани приватни инвестиции.

„Пред завршна финална фаза сме на постигнување финален правен договор за инвестиција во скијачкиот центар Попова Шапка, во вредност од 50 плус 50 милиони евра. Проектот е согласно Законот за концесии и јавно приватно партнерство, а суштината е издавање на 99 години на еден од најголемите инвеститори во скијачки центри во Европа, за којшто името се уште останува доверливо, ред е самиот инвеститор да го објави тоа кога ќе биде одлучено. Се радуваме посебно на оваа инвестиција затоа што ќе даде нова димензија на туризмот, на зимскиот туризам пред се и нашата Шар Планина и Попова Шапка, ќе бидат нешто коешто ќе го смени имиџот на државата.“, изјави Заев.

Меѓу другото, премиерот спомена и дека германски „Лидл“ ќе отвора неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови. „Вредноста на инвестицијата е 300 милиони евра, се преговараат во моментот локациите, прво во Скопје. Важно е што обврска на инвеститорот е за откуп и продажба на домашни земјоделски и кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „Лидл“ во југоисточна Европа.“, истакна претседателот на Владата.

Во инвестицискиот план се предвидени и нови фабрики и погони, како и проширување на веќе постоечки во технолошко-индустриските развојни зони. Најавени се неколку компании од Германија, Белгија, САД, Швајцарија, Турција, Холандија, Словенија од повеќе индустриски сектори, како фармацијата, автомобилската, прехранбената, градежната индустрија, бројлерското производство и други области.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 5 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 7 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 10 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 12 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 1 ден

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 1 ден

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 1 ден

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена