Македонија
Жешкото време ризик и за животните, АХВ со совети до фармерите и сопствениците на миленици
Високите температури се стрес за животните и тој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст, предупредуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Институцијата излезе со совети до фармерите и сопствениците на миленици во однос на заштита на животните од топлотен бран:
-Забрзано и плитко дишење, несигурен од – (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните. Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да биде постепено. На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории.
-Фармерите да внимаваат на густината на населеност во објектите. Животните да не се изложуваат директно на сонце, особено во најтоплите периоди од денот и за нив да се обезбедат натстрешници, или природни ладовини. Животните да се пуштат на пасење во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот, или животните да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски.
-Сопствениците на домашни миленици, животните да не ги оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и задолжително треба да водат сметка и да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ