Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 480 илјади евра за реконструкција на болницата во Гостивар

Објавено

на

Општата болница „Д-р.Ферид Мурад“ во Гостивар ќе има нов надворешен изглед и пониски трошоци за затоплување. Ова ќе се постигне преку проект кој опфаќа реконструкција на фасадата, замена на старите прозорци со нови, како и реновирање на дел од покривната конструкција.

Финансиските средства во висина од 480 илјади евра за оваа намена болницата ги доби преку пакетот за поддршка на инфраструктурни проекти од програмата ТАВ.

„Во саботата потпишавме договор за финасирање на проектот, кој инаку како управа го имавме подготвено одамна како проект за енергетска ефикасност, имајќи ги предвид и потребите на болницата. Се случи компанијата ТАВ да понуди поддршка на такви проекти, ние конкуриравме и ни ги одобрија средствата. Договорот беше потпишан од трите страни: болницата, владата и претставниците на ТАВ. Проектот опфаќа промена на сите прозорци, реконструкција на фасадата и дел од покривот. На овој начин се добива двоен ефект, освен подобрување на изгледот на болницата, и заштеда на топлинска енергија, намалување на трошоците за мазутот. Во целина ова е еден идеален проект за нашата болница“, појасни директорот на болницата д-р Јакуп Јакупи.

Во следниот период ќе се спроведуваат административните процедури, избор на фирма изведувач и други подготвителни активности по што ќе се стартува со работите. Првичните проценки и најави се дека тоа ќе се случи до крајот на годинава.

По стивнувањето на состојбата со коронавирус во Гостивар, општата болница се врати во нормален тек на работа. Претходно темелно беа исчистени и дезинфицирани одделенијата кои во екот на пандемијата беа пренаменети во ковид центри.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Парламентарни избори 2024пред 7 часа

„Влен“ објави дека со гласањето во Ларце доби плус еден пратеник

Македонијапред 9 часа

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Македонијапред 10 часа

Спречен влез на 1,7 тони вијагра и стимуланси за нервниот систем, штетни по здравјето на граѓаните

Гостиварпред 13 часа

25 годишна жена го пријавила партнерот за напад на улица во Гостивар

Гостиварпред 14 часа

Економското училиште во Гостивар домаќин на полуматурантите-Презентирани можностите, бенефитите и условите

Македонијапред 15 часа

Според ДЗС просечната нето плата во март била 40.496 денари

Гостиварпред 17 часа

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Акциска контрола во Гостивар, санкционирани 12 пешаци

Македонијапред 17 часа

Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан на одбележување на Денот на сесловенските просветители

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена