Парламентарни избори 2024
„Влен“ објави дека со гласањето во Ларце доби плус еден пратеник
Коалицијата „Влен“ (Вреди) по денешното прегласување во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино прогласи дека има добиено уште еден пратеник во шестата изборна единица.
Претставникот на коалицијата Башким Хасани изјави дека тие добиле речиси 500 гласови од вкупно 993 граѓани со право на глас.
„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што денес и го имаме. Со овој резултат го добиваме во случајот и 14-тиот пратеник. И покрај сите притисоци, на началници на полиција, на инспектори и на моменти кога се нудеа пари за да се гласа. Ние овие случаи од утре сите ќе ги пријавиме и ќе инсистираме на нивна одговорност. Коалицијата „Вреди“ има близу 500 гласови, а Европскиот фронт 48 гласови“, изјави Башким Хасани.
Според Хасани, Коалицијата „Вреди“ нема да има промени со денешното прегласување во петтата изборна единица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија