Поврзи се со нас

Вести

Евакуирани повеќето од македонските државјани во Авганистан

Објавено

на

Повеќето од евидентираните македонски државјани во Авганистан, со воени авиони се евакуирани од Кабул, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Педесетина граѓани на РС Македонија во текот на ноќта и изутрината се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, а утрово уште 19 наши граѓани се на пат за Доха. Сите потоа со редовни цивилни летови преку Катар и Лондон треба да се вратат во земјава.

-Според последните информации на терминалите на аеродромот во Кабул веќе нема наши граѓани кои чекаат да бидат евакуирани. Во НАТО базата во Кабул која се наоѓа буквално залепена до аеродромот се наоѓаат уште 14 наши државјани, 11 од нив наскоро треба да бидат ставени во планот за евакуација, а само уште тројца наши граѓани по нивно барање остануваат да ги  вршат своите обврски во базата и ќе бидат евакуирани заедно со војската од базата. Во сите овие места и градови каде се упатуваат нашите граѓани активирана е дипломатската мрежа со цел да се асистира ако се појават некои предизвици на нивниот пат кон дома, рече Османи. 

Тој додаде дека МНР продолжува и понатаму да ги следи состојбите на терен, и очекуваат дека сите наши граѓани ќе бидат извлечени и безбедно ќе се вратат дома. Сепак остануваме подготвени за секакво сценарио со отворени алтернативни можности од нашите пријателски земји за евентуална вонредна евакуација на нашите граѓани. 

На новинарско прашање за тоа кога се очекува нашите граѓани кои се враќаат од Авганистан да пристигнат во земјава, додаде дека тоа зависи од распоредот на нивните летови, а дали ќе има потреба од карантин, вели, тоа ќе зависи од нивниот вакцинален статус и други епидемиолошки карактеристики. Информира дека од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во Владата е формирано Координативно тело во кое се вклучени и министри кои покриваат прашања од овој домен и кое ќе одлучува согласно ситуацијата.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Свеченост за 24 Мај во Гостивар: Почит кон нашето културно и духовно богатство

Парламентарни избори 2024пред 9 часа

ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Македонијапред 11 часа

Јадење, пиење, облека, сметки…Мајските трошоци за семејство 60.090 денари

Македонијапред 11 часа

Велковски: Околу 9000 социјални семејства оштетени за 120 евра годишно

Македонијапред 12 часа

Метео предупредување за невреме

Гостиварпред 13 часа

Два случаи на семејно насилство вчера на подрачје на Гостивар

Македонијапред 16 часа

Македонија дел од кампања на Амбер Алерт Европа-Како да се постапи при исчезнување на дете

Гостиварпред 16 часа

Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит во Битуше посветен на браќата Кирил и Методиј

Парламентарни избори 2024пред 17 часа

Гласаат болни, немоќни и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во 7 избирачки места

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена