Гостивар
Прослава на Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир
Големиот христијански празник Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица) традиционално, свечено и торжествено се прославува во Лешочкиот манастир.
Одбележувањето започна со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на протоереј Маријанчо Мадевски, ереј Илија Сламков, ереј Велјанчо Огненовски и ѓакон Илија Деспотовски.
По завршувањето на Вечерната служба, беше изнесена за целивање плаштаницата на Успението на Пресвета Богородица, над која се пееја статиите од опелото на Пресвета Богородица, а верниот народ се поклони и оддаде почит на Богомајката.
По вечерната богослужба надлежниот митрополит г Јосиф се обрати со пригодна беседа говорејки дека денеска севкупниот свет е исполнет со пофалба кон неа, Пресветата Богородица: „На нејзиното славно успение сè се радува. Се радува видливиот, се радува и невидливиот свет. Се радува разумното, се радува и неразумното.Должни сме секогаш да паметиме дека, за застапничка и молитвеничка, пред нашиот Творец и Спасител, ја имаме Пресветата Богородица.“
извор:тетовско-гостиварска епархија
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ