Гостивар
Професорите не се откажуваат од бојкотот, Таравари јавно ги повика Царовска и Заев да ги вратат укинатите паралелки
Професорите од наставата на турски јазик во гостиварската гимназија остануваат истрајни во намерата да се врати укинатата паралелка во прва година. Не се откажуваме од бојкотот, се додека не се исполни ова барање, децидни се тие. Во турските паралелки не се држат часови во знак на револт од намалувањето на бројот на парелелки во прва година, од 3 на 2. Управата на гимназијата заедно со професори денес беше на средба со градоначалникот Арбен Таравари, од кого добија поддршка за своите барања.
Одлуката на Министерството за образование за кратење на паралелката, професорите ја коментираат како бизарна.
„Нашиот став останува ист до крај-Или ќе биде, или ќе биде. Нема „нема да биде“. Се додека не си се отвори класот што ни го зедоа, ќе има бојкот. Оваа одлука за укинување е бизарна. Не може таква одлука да важи само за нас, за гимназијата во Гостивар. Правдата ќе ја бараме и надвор од државата, ако треба. И мислам дека ќе успееме.“, рече Aким Дико, пом. директор во гимназијата Гостивар.
Во гимназијата се скратени 2 паралелки на албански и една на турски. Одлуката била донесена затоа што има одредени ученици кои не ги исполнувале целосно условите во конкурсот. Градоначалникот рече дека тоа било објаснувањето кое го добил од министерката за образование, но вели дека имаат сознанија за такви примери во други градови, а таму не се крателе паралелки.
„Сакам да испратам порака до министерката за образование и до премиерот, да ги отворат очите и ако законот треба да важи, нека важи за сите. Имаме сигурни информации дека и во други градови има ученици запишани со помал број поени, исто како што се приликите во Гостивар. Не може во некоја општина да може да се запишуават со помалку поени, а во Гостивар да не може. Инсистираме да не се намалуваат паралелките одеднаш, без оправдување. Не може законот да важи поинаку за Гостивар, поинаку за Гевгелија, Радовиш, Дебар…Кај министерката гледам некаква ригидност, вчера дури и како закана рече дека мора да важат законите, ако сме држава. Па, ако сме држава нека важат законите за сите. Не може во Гостивар да се испраќаат инспекции, да имало кривични против мене и директорот, а во други градови да се затвораат очите за истата работа.“, изјави Таравари.
Во гостиварската гимназија на настава по турски јазник, од прва до четврта година има 250 ученици и 28 професори.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!