Македонија
Заседаваше Централното претседателство на Беса
Движењето БЕСА денеска одржа состанок на Централното претседателство на партијата, на кој се донесени неколку заклучоци. Како што стои во партиското соопштение, Беса оценува дека на последните локални избори ги исполниле зацртаните цели, победа во општините Тетово и Желино, а 26.000 гласови, освоени на изборите ги сметаат за потврда на политичката тежина на мандатите на пратениците освоени на изборите во 2020 година.
„Движењето БЕСА уште еднаш ја изразува својата загриженост дека со употребените методи на ДУИ, како дел од власта и премолчено одобрени од страна на СДСМ, се нарушени слободата и демократијата во државата. Исто така апелираме до актуелната власт на СДСМ-ДУИ итно да престане со притисокот од сите форми што го вршат врз пратениците на Движењето БЕСА. За ова прашање ја информиравме и меѓународната заедница. Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Северна Македонија се во опасност. Движењето БЕСА уште еднаш ја реафирмира својата ориентација кон евроинтегративните процеси, сметајќи дека членството во ЕУ е единствената опција за иднината на Северна Македонија.Членството во НАТО ја гарантира безбедноста на државата, а партнерство со САД и ЕУ ја обезбедува прозападната иднина на Северна Македонија. Движењето БЕСА ќе го продолжи политичкиот пат за правда и демократија како и борбата против апсолутната власт на ДУИ и во таа насока ќе соработуваме со сите политички субјекти кои делат исти вредности и цели.“, наведуваат од партијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ