Гостивар
Гимназијата во Гостивар го прослави Денот на Свети Климент Охридски
Празникот посветен на просветителот и светец, Климент Охридски, 8 Декември во средното општинско училиште Гостивар (гимназија) беше одбележан со пригодна манифестација збогатена со културно-уметничка програма. Настанот, традиционално го организираше училишниот Актив по македонски јазик и литература, со цел младите генерации да се потсетат на големината на ликот и делото на најпознатиот ученик на светите браќата Кирил и Методиј, Свети Климент.
Програмата беше исполнета со рецитал и лични творби на ученици и музички изведби. Се одржа и квиз на знаење, на кој учениците во тимови ги измерија силите во знаење по македонски јазик и литература.Дел од чествувањето беше и презентација на ликовни творби посветени на основоположникот на словенската писменост во Македонија.
На манифестацијата покрај управата на училиштето, професори и ученици присуствуваа и претставници од општинскиот сектор за образование.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените