Здравје и убавина
Расолница, кисела семоќница – Една чашка на ден, здрави како дрен
Ставање кисела зелка за зимница е традиција што ја негуваат многу семејства. Од неа се прави сарма, подварок, се јаде како салата…Секако, тоа оди комплет со расолот, сокот од киселата зелка, кој важи за исклучително здрава и корисна течност. На гостиварски го викаме „ју(в)а“.
Зошто треба да ја пиете? Расолницата изобилува со витамин Ц, а содржи и натриум, железо, калциум. Одлична е во борбата против тегоби во желудникот и цревата, помага при остеопороза, го чисти организмот од токсини и делува против запек. Се смета за природен лек против висок крвен притисок, а во комбинација со лажичка маслиново масло е супер оружје против камен во жолчката.
Да не заборавиме дека киселата зелка е нискокалорична, што ја прави идеална за оние што сакаат да слабеат. Високото количество витамин Ц, во расолницата ја штити одбрамбената сила на организмот и овозможува и во текот на диета да се остане во полна физичка форма, а воедно да се внесува во организмот доволно корисни материи.
Вреди да се спомене дека овој сок од зелка е одлично средство за освежување, ако сте претерале со конзумирање на алкохол и имате мамурлук. Една чаша расолница експресно ќе го хидрира телото и ќе ги надомести изгубените електролити, па ќе можете да функционирате нормално.
Освен за пиење, расолницата може да ја користите и како додаток во супи и други готвени јадења, на кои нема да им пречи малку киселост во вкусот. Едноставно при варење на храната, додадете неколку лажички.
Трик плус: Ако сакате ју(в)ата да има поубав изглед и фина црвена боја, во бурето каде што ја ставате киселата зелка, додадете излупено и добро измиено цвекло.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ