Спорт
ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо
Македонската фудбалска репрезентација ќе има поддршка од 1.300 свои навивачи на трибините на стадионот „Ренцо Барбера” во Палермо, на кој на 24 март против домаќинот Италија ќе го одигра полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), соопшти денеска дека за македонските навивачи се предвидени пет проценти од вкупниот капацитет од 36.000 седишта на стадионот во Палермо.
Во случај на победа над актуелните европски прваци, македонските фудбалери во финалето за пласман на Мундијалот ќе играат против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција, кој ќе се игра на стадионот „Драгао” во Порто.
Доколку Португалците обезбедат финале, мечот за пласман на Светскиот куп повторно ќе го играат на стадионот во Порто, а во случај Турција да ја совлада Португалија, Турската фудбалска Федерација го одреди стадионот на Коњаспор за домаќин на финалето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ