Вести
„Very Peri“ е новата боја на годината
Додека луѓето на крајот на 2021 година размислуваат за она што се случило изминативе 12 месеци, светскиот авторитет за бои – Центарот за истражување и податоци за бојата „Пантон“ (Pantone), ја избра „бојата на 2022 година“. Всушност, тие овојпат ја создадоа бојата на годината.
Таа е наречена „Very Peri“. Оваа сино-виолетова нијанса е опишана како „динамична сина нијанса на малата винка (билката vinca minor) со живописна виолетово-црвенa нишка“, во твитер-објавата.
– За нас беше навистина важно да излеземе со нова боја бидејќи сега имаме многу нова визија за светот!, рече извршната директорка на Институтот „Пантон“, Леатрис Ајсман. – Ова е буквално најсреќната и најтопла од сите нијанси на сино. Поради оваа црвеникава нијанса, таа носи моќно чувство на новина, а новото е она што го бараме!, додаде таа.
Пандемијата има големо влијание врз начинот на кој вообичаено живееме и работиме, создавајќи бариери што ги принудуваат луѓето да размислуваат и вон рамката.
– Минавме низ толку многу предизвици во ова време што денес не знаеме што ќе се случи утре. Љубопитноста е она што им помага на луѓето да ги пребродат овие тешки времиња. Ова е нешто што би го нарекле смела креативност, рече потпретседателката на „Пантон“, Лори Пресман.
Ајсман додава дека Бојата ја симболизира иднината.
– Ја создадовме оваа боја на годината за да ги натераме луѓето да зборуваат за улогата на боите во нашите животи. И, кога ќе ги натерате да зборуваат за тоа, „правите врева“ и свеста се подига!, вели таа.
Според неа, бојата е составен дел од нашето секојдневие, но ние ја земаме здраво за готово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок