Занимливости
Реалмонте – Психоделичен рудник за сол во Сицилија
На јужниот брег на Сицилија се наоѓа градот Реалмонте, а на 100 метри под него се протега лавиринт од тунели долг 25 километри – Рудникот за сол Реалмонте. Ѕидовите на рудникот се украсени со разни појаси од темни и светли бои, распоредени во концентрични кругови и риги.
Оваа шема на бои во карпите е формирана пред околу 5 милиони години, кога морската вода испарила и оставила големи количини сол како талог. Во овој период, Средоземното Море помина низ циклус на делумно или речиси целосно сушење.
Покрај својата необична природна убавина, во рудникот за сол Реалмонте има и црква сместена длабоко во рудникот, заедно со олтар, скали и фрески. Црквата може да прими до 800 луѓе, а секоја година на почетокот на декември во неа се одржуваат церемонии со кои се слави Санта Барбара, заштитникот на рударите.
Реалмонте се уште е активен рудник од кој секоја година се вадат околу 500 илјади тони сол.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!