Култура
Гостиварецот Невриј Адеми промовира втора книга
„На брегот на среќата“ е насловот на новата стихозбирка на младиот автор Невриј Адеми, која ќе биде промовирана во Гостивар, овој четврток. Се работи за збирка поезија, која содржи педесетина песни, со претежно љубовна тематика. Рецензент на книгата е поетот Адем Абдулаху.
„Со објавувањето на оваа книга ми се исполни еден голем сон и сакам својата радост и задоволство да ги споделам наоколу. Затоа, ги поканувам сите љубители на поезијата и заинтересирани, да присуствуваат на промоцијата, што ќе се одржи на 11-ти мај(четврток) во ресторан Дори, спроти поштата со почеток во 18.30 часот“, вели авторот.
Невриј Адеми е роден 1998 година, во село Калиште, гостиварско. Матурант е во гимназијата во Гостивар. Дебитираше на поетската сцена во 2015-та година со стихозбирката „Дневникот на мојата болка“. На меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2016“ во Гостивар ја освои наградата за најуспешен млад автор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!