Поврзи се со нас

Вести

ЗОИ: Ќе се истражува „чудото“ на Валиева во Пекинг, Русија може да остане без златниот медал во уметничко лизгање

Објавено

на

фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Пекинг, 10 февруари 2022 Светските медиуми денес објавија информација дека доделувањето на сетот медали за екипното натпреварување во уметничко лизгање е одложено поради проблеми со допинг тестот на 15-годишната руска шампионка Камила Валиева.

Руската тинејџерка од Казан e спортист број еден на ЗОИ Пекинг 2022, откако пред два дена и стана првата лизгачка во историјата која изведе четирискок. Експертите веќе ја сметаат Валиева за најдобрата лизгачка на сите времиња, иако таа штотуку почнува со својата кариера. Иако ова и е прв настап на Валиева на олимписки игри, ниту учествувала на СП, таа досега држи девет светски рекорди во уметничко лизгање.

На нејзиниот слободен настап пред два дена во Пекинг, на популарното музичко дело Болеро од Морис Равел, првпат во историјата една натпреварувачка изведе четирикратно свртување на натпревар. Таа тоа го стори дури двапати, во својот трет обид и падна, но сепак доби оценка од 178,92 поени од врвните светски судии на натпреварот.

Според „Inside the Games“, ситуацијата е под истрага и доколку Валиева биде прогласена за виновна за прекршување на анти-допинг правилата, нејзината казна можеби нема да биде толку строга поради нејзината возраст.

Женскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг започнува на 15 февруари и за него е пријавена Валиева.

Од таборот на руската експедиција на ЗОИ изјавија дека нелегалната супстанца е која е пронајдена во примерокот на Камила Валиева не ги подобрува атлетските перформанси и се користи за лекување на срцеви проблеми.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена