Вести
Што ги прави тартуфите најскапи печурки во светот?
Низ времето, имало многу занимања кои значеле поминување денови во шума во потрага по скапоцен плен, но многу малку успеале да ја достигнат вредноста на еден тартуф.
Оваа печурка со статус на гастрономски деликатес е толку ценета што се продава на аукции, а луѓето кои ја купуваат се подготвени да издвојат стотици илјади долари за да ја поседуваат.
Според Worthly.com, во 2010 година, милијардерот Стенли Хо купил тартуф на таква аукција за 330.000 долари. Најголемиот тартуф во светот, тежок 1,89 килограми, беше продаден во 2014 година на аукција организирана од Сотби во Њујорк за 61.250 долари.
Иако има многу видови на оваа габа, не се сите за јадење. Во исхраната обично се користат пет видови тартуфи, од кои најевтин е кинескиот црн тартуф, а најскап е италијанскиот бел тартуф.
Покрај желбата за собирање тартуфи потребно е и куче кое ќе ја мириса нивната специфична арома. Иако постојат неколку раси кои имаат, така да се каже, генетски предиспозиции за овој вид лов, омилен вид меѓу кучињата тартуфи е Лагото Романиоло. За да добиете едно такво куче, според цените наведени во огласите на интернет во регионот, треба да платите од 150 до 800 евра, а во странство едно кученце може да ве чини од 1.900 до 2.400 евра.
И тоа е само една од инвестициите. Дополнително, треба да се вложи време во обуката која игра пресудна улога кога е во прашање заработката, а потоа и во самата наплата.
Тартуфите не е лесно да се најдат, бидејќи растат во специфични услови. Условите не се детално утврдени, но со сигурност се знае дека тие не можат да растат без дрвја, а и со соодветни услови нивното собирање не е едноставно, пишува Business Insider.
Секој тартуф треба да се ископа рачно, но само ако е доволно зрел, односно ако испушта специфичен мирис. Станува збор за сезонски печурки, кои се појавуваат во различни периоди од годината. Белите тартуфи, кои се најскапи, може да се најдат од октомври до јануари, а нивната цена може да достигне и до 7.000 евра за килограм.
Дури и кога ќе дојдете до тартуфите, треба да имате на ум дека нивната арома, причината поради која се ценат, исчезнува во рок од пет дена. Затоа собирачите треба брзо да најдат купувачи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ