Спорт
Гостивар му ги скрати крилјата на Феникс 96-75
Екипата на Гостивар ја запиша седмата победа во серија убедливо совладувајќи ја вечерва екипата на Феникс 2010 на домашен терен со резултат 96-75.
Од самиот старт воочлива беше желбата кај домаќините да го добијат натпреварот, на кои им припаднаа три од четирите периода одржувајќи стабилна позитива низ целиот тек на натпреварот. Гостите најмногу што успеаа е да стигнат до -6 поени негатива.
Јанески беше најрасположен кај гостиварци запишувајќи 18 поени, сите од шут за три од девет обиди. Тодоровиќ постига 16, Ворку 15 со 10 асистенции и 8 скока. Силаџи постигна 14 поени.
Бојан Трајковски беше најефикасен на натпреварот со 19 поени.
Со оваа победа „бело-сините“ и математички обезбедија пласман во Супер-лигата. Во следното коло му гостуваат на ТФТ Скопје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ