Гостивар
Гимназијалци од Гостивар на конференција на УНИЦЕФ посветена на децата
Група средношколци од гостиварската гимназија, со професорката по информатика, Билјана Штерјовска изминатите денови беа дел од конференција што во Скопје ја организираше УНИЦЕФ на тема „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања“.
Гимназијалците таму ја презентираа својата едукативна компјутерска игра наменета за деца од предучилишна возраст.
„На конференцијата присуствуваше професорката по информатика и учениците кои беа дел од проектот „Младите за децата“. Нашите ученици го презентираа крајниот продукт – едукативна компјутерска игра наменета за деца од предучилишна возраст, кој беше резултат на едукација од страна на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти и тимска работа на нашите гимназијалци (Мирјана Арсеноска, Марија Сергиевска, Антонио Наумчески, Никола Гостовиќ, Стефан Сергиевски, Зоран Ѓорѓијески, Викторија Серафимоска, Стефан Василески, Ikra Jakupi, Drilon Rustemi, Era Fejzullai, Altina Selmani, Vesa Murati, Ezan Fetaji, Gonxhe Ameti, Lazim Xhaferi)“, соопштија од училиштето.
Конференцијата на УНИЦЕФ беше организирана во соработка со Владата и Британската амбасада во Скопје.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!